
Соред податоците на Државниот завод за статистика бројот на работниците во индустријата е намален за 3.0 % во август 2026 во однос на август 2025 година
Бројот на работниците во август 2026 година, во однос на август 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 8.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за
2.8 %, а се зголемил за 0.7 % во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август
2026 година, во однос на август 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.3 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – август 2026 во однос на периодот
јануари – август 2025 година се намалил за 2.8 %.
Бројот на работниците во индустријата во август 2026 година, во однос на август 2025 година е намален за:
- 8.0 % во рударството и вадењето камен
- 2.8 % во преработувачката индустрија
а зголемен за:
- 0.7 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Фото: Gemini











