Бројот на туристи во Инстанбул за прв пат поголем од бројот на жители

45

За прв пат во историјата, бројот на туристи во Инстанбул се очекува да го надмине бројот на жители во метрополата.

Ова го изјави претседателот на градската трговска комора Шекиб Авдагич, за време на прес конференција во Кан, Франција.

Тој додаде дека бројката на туристи во градот, се очекува да се искачи на 15,5 милиони до крајот на 2019 година, пишува Хуријет.

Стапката на зафатеност на хотелите во Инстанбул достигнала 87%, а побарувањата на туристите ги зголемиле и цените на хотелските услуги за 27%.

Фото: Pexels