Брокерите во осигурувањето во спрега со дигитализацијата

154

Во Македонија иако осигурителните компании согледуваат дека повеќето корисници пристапуваат кон нивните страници од мобилен телефон, сепак постојат многу мал број компании со мобилни апликации. Во промената ќе победи оној кој е побрз во следењето на корисничките потреби.

Според Џорџ Рајт, извршен директор на Smart Communication, постојат големи промени во процесот на осигурување и кој ќе реагира побрзо, тој ќе биде победник.

“Врската помеѓу осигуреникот и потрошувачот се менува, што значи улогата на посредниците може да стане нерелевантна“, вели тој.

Автоматизацијата на процесите, според него, ги менуваат односите и очекувањата на потрошувачите и отвара можност осигурениците да се во директна комуникација со осигурителните компании. Токму во ваква констелација, улогата на брокерите е под закана од нивно исчезнување.

“Повеќето брокери се прилично технички потковани и иновативни во однос на она што го прават. Брокерите ќе ја подржат дигитализацијата, бидејќи знаат дека таа неизбежно доаѓа“, продолжува Џорџ Рајт за Insurance Business Mag.

Во Македонија минатата година има пораст на севкупното брокерско портфолио, но исто така и пораст на полисите продадени преку дигитални канали. Кај нас сè уште нема брокер кој нуди дигитален начин на завршување на обврските и прашање на време е кога брзорастечката понуда на дигиталните канали ќе ја загрози брокерската заработка. Што се однесува за осигурителната индустрија, истражувањето покажува дека различни сегменти на потрошувачи и демографија бараат различни стилови на комуникација.

“Дигитализацијата навистина ги турка големите организации за осигурување да се променат и да бидат сигурни дека се способни да ги задржат сегашните и да добијат нови клиенти. Оние компании кои не се отворени да се променат, да се префрлат на каналите од новата генерација, кои не можат да бидат ефикасни и брзо да се движат со дигитализацијата и севкупната технологија, за десетина години нема да постојат“, додава Рајт.

Денес е многу полесно за потрошувачите доколку не се задоволни или мислат дека не ја добиле услугата која ја заслужуваат, да се префрлат во друго осигурително друштво. Затоа, тука треба да бидат брокерите и навремено да им излезат во пресрет. Тоа овозможува т.н. ““брокеризација“ на дигиталните канали.

По либерализацијата на пазарите во неколку земји од регионот, како Унгарија дигиталните брокери преземаа огромно парче од вкупното портфолио во авт о-одговорност. Netrisk.hu водечкиот оналјн брокер во Унгарија очекува пораст од 23%. Тоа укажува на сериозен тренд којшто ќе следи и кај нас. Во промената ќе победи оној кој е побрз во следењето на корисничките потреби.