Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 90.2 % во бруто-домашната потрошувачка

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 610 301 МWh електрична енергија, 31.785 мил. нм3 природен гас, 487 608 тони јаглен и 91 495
тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 90.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.7 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична
енергија.