Брзи и убави mock-ups за дел од секундата

26

Startap alatki #6 Dunnnk (post photo)

(„Старт-ап алатки“ е серијал на текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираат образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите)

Производ на денот – брзи и убави mock-ups за дел од секундата

Многу стартапи често наоѓаат лесен начин за да ја валидираат нивната “прва верзија” од MVP-то на производот (Minimum Viable Product) без притоа да потрошат многу време и ресурси на истото.

Додека MVP има потреба од реален производ, во многу случаи може да се направи валидација без притоа да се има производот (барем иницијално). Ова истовремено претставува и идеална техника за стартапи каде што основачите немаат техничко познавање.

Многу претприемачи заглавуваат на почетокот бидејки веруваат дека првото нешто што треба да се направи е да се развие целосен производ. Но, ако размислите подобро и се вратите еден чекор наназад, кога зборуваме за развивање на одреден производ, повеќето од нас имаат замисла за развивање на скалабилна солуција која може да сервисира 10.000 + корисници (отколку само 10).

Работата е во тоа што во моментов немате 10.000+ корисници, ниту пак 10 за волја на вистината. Тогаш зашто да потрошите еден тон ресурси и да развиете нешто за што можеби и не постои реална потреба? Тогаш зашто не развиете некоја форма на MVP во offline форма (mock-ups или сл.)?

Тоа значи дека во оваа фаза, буквално можете да правите Fake it, till you make it!

Алатка која може да ви помогне во процесот на развивање на убави, но и едноставни mock-ups за вашата апликација е Dunnnk.

Визијата на Dunnnk е да им заштеди време на дизајнерите и девелоперите, овозможувајки им да изгенерираат убави мок-апи за дел од секундата. Сите мок-апи се во висока резолуција и се достапни за симнување за $0.

Како функционира?

Многу едноставна алатка… На располагање имате IPhone, Android, Macbook, IPad и IMac темплејти од кои си бирате една или повеќе кои најдобро одговарааат на функционалноста на вашиот производ / услуга.

Startap alatki #6 Dunnnk 1

Си одбирате фотографија односно Mock-up или PSD кој сакате да го прикачите и Dunnnk ќе се погрижи за останатото.

Startap alatki #6 Dunnnk 2

Startap alatki #6 Dunnnk 3

Сè што треба да направите е да ја искористите оваа слика во висока резолуција и да ја прикачите на Вашиот сајт со надеж дека истиот ќе искреира leads и ќе направи валидација на решението.

Среќно

brainster.co заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

FB:      https://www.facebook.com/brainster.co

Web:    http://www.brainster.co

e-mail: contact@brainster.co

Тагови: Dunnnk, mock-up, мок-ап, стартап, стартап алатки