Брзо најдоа замена: Вујко Вања наместо Мекдоналдс

396

Мекдоналдс привремено затвори 847 ресторани во Русија минатата недела бидејќи компанијата е против  инвазијата на Путин на Украина.

Сепак, тоа не ги вознемири премногу Русите, кои веднаш почнаа да го ребрендираат познатиот ланец за брза храна, па новото име треба да биде Чичко Вања, по примерот на истоимената драма од 1899 година на Антон Павлович Чехов. Дури и новото лого на компанијата ќе биде слично на Мекдоналдс бидејќи тие ги претворија познатите лакови да личат на буквата Б, а не на буквата М како што беше случај досега.

Новите ресторани треба да ја имаат истата понуда како Мекдоналдс, но цените би биле пониски и треба да користат само руски состојки.

Барањето за регистрација на новата компанија е доставено до надлежните руски власти минатата недела, пишуваат тамошните медиуми.