Брзото одење го продолжува животот

79

Оние луѓе кои одат побрзо имаат поголеми шанси да живеат подолго. Ова твредење е поткрепено од страна на едно истражување во коешто биле опфатени група луѓе родени во раните 70-ти.

На сите 904 субјекти кои моментално се на возраст од 45 години, им била испитувана брзината на одење.

Веќе подолго време брзото одење со поврзува со подобро психолошко и физичко здравје кај постарите лица, пишува New Atlas. Сега, според новото истражување ваквиот начин на движење има позитивни ефекти и кај оние кои имаат 40-тина години.

Анализата го опфаќала периодот од предучилишна возраст до средни години и открила дека бавното одење е проблематичен знак децении пред да настапи староста.

Ова не е единственото истражување што ја зема во предвид брзината на одење. Начинот на којшто луѓето се движат може да открие потенцијална деменција и глауком пред да се појават видливи симптоми.

Фото: Pexels