Aмериканскиот производител на автомобили, Chevrolet воведе нова функција во веќе постоечката платформа за тинејџери Teen Driver. Станува збор за Buckle to Drive, безбедносна алатка што ги предупредува тинеjџерите да го врзат појасот пред да тргнат.
Ако тоа не го направат, автомобилот стои во место 20 секунди, а потоа се слуша предупредувачки звук и се појавува порака на контролната табла што вели да се врзе појасот пред тргнување, односно Buckle to Drive.
Teen Driver функцијата е еден вид на извештај за родителите за тоа како нивниот тинејџер се однесува во автомобилот. Се регистрира брзината, евентуалните прекршоци, опомени и слично, со цел родителот да има увид во ситуацијата на патот.
Идејата на тимот од Chevrolet е да создаде одговорност кај младите возачи и да придонесе за побезбедно возење.
Buckle to Drive ќе биде вклучен во моделите Chevrolet Traverse, Malibu и Colorado, од следната година.
Фото: Chevrolet