Буџетот на Русија годинава во суфицит

112

Русија ја нормализираше својата економска политика и буџетот ќе биде во суфицит, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, во Русија буџетскиот дефицит се зголемил на четири проценти во 2020 година поради огромните мерки за поддршка на населението, малиот и средниот бизнис и здравствениот систем, пренесува Спутник.

Тоа, исто така, овозможи закрепнување на пазарот на трудот.

„Годинава ја нормализиравме макроекономската политика за буџетот да биде суфицит. Не само што го постигнавме тоа, туку и ја заостривме монетарната политика“, рече рускиот лидер.