
Буџетскиот дефицит на Русија во 2023 година изнесуваше 3.200 милијарди рубљи (36,13 милијарди долари) или 1,9 отсто од БДП, според прелиминарната проценка на Министерството за финансии на Руската Федерација. Во 2022 година, дефицитот изнесуваше 3.300 милијарди рубљи, или 2,1 отсто од БДП.
Според Министерството, приходите на федералниот буџет во 2023 година изнесувале 29.100 рубли, што е за 4,7 отсто повеќе од нивото во 2022 година. Според податоците на Министерството за финансии, расходите се зголемени за четири отсто на годишно ниво, на 32.400 милијарди рубљи, пренесува Комерсант.
Министерството објави дека буџетските приходи кои не се поврзани со нафта и гас во 2023 година изнесуваат 20.300 милијарди рубљи, што е зголемување за 25 отсто во споредба со претходната година. Приходите од нафта и гас изнесуваат 8.800 милијарди рубљи или 23,9 отсто помалку од минатата година.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека министерот за финансии Антон Силуанов го уверил дека буџетскиот систем на Русија е во добра состојба. Во ноември 2023 година, федералниот буџет на Русија се затвори четврти месец по ред со месечен суфицит. Законот за буџетот за 2023 година предвидуваше годишен дефицит од два отсто.











