
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека федералниот буџетски дефицит на земјата би можел да биде под 1,5 отсто од БДП до крајот на 2023 година. Проценетиот дефицит е помал од два отсто од БДП.
„Министерот за финансии (Aнтон Силуанов) најави дека нашиот дефицит е помал од два отсто, како што претходно предвидувавме, оценувајќи дека два отсто би биле добар резултат. Излегува дека ќе биде помалку. Ќе биде дури и помалку од 1,5 отсто“, рече Путин, пренесува Комерсант.
Во јули, Силуанов процени дека буџетскиот дефицит на Русија би можел да изнесува два до 2,5 отсто од БДП до крајот на тековната година. Сепак, министерот за финансии на крајот на ноември изјави дека дефицитот може да биде поблиску до еден процент.
Според актуелниот буџетски закон за 2023 година, планиран е дефицит од 2.900 милијарди рубљи (32,15 милијарди долари), што е два отсто од БДП на Русија.











