Буџетскиот суфицит на Катар достигна 12,9 милијарди долари

27

Прелиминарните статистички податоци покажуваат дека бруто домашниот производ на Катар пораснал за 4,3 отсто во првата половина на 2022 година, објави денеска емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Високите цени на енергијата досега резултираа со вишок во државната каса на Катар од 47,3 милијарди катарски ријали (12,9 милијарди долари), додаде емирот ал Тани во телевизиско обраќање на седницата на државното советодавно тело, пренесува Ројтерс.