
Рускиот буџетски дефицит во првиот квартал од 2025 година, според прелиминарната проценка, изнесува 2,17 трилиони рубљи или приближно 22,9 милијарди евра, соопшти Министерството за финансии на Руската Федерација.
Дефицитот за првите три месеци од 2025 година претставува еден процент од рускиот БДП.
Тековниот дефицит е за 1,88 трилиони рубљи помал во однос на истиот квартал од минатата година, се наведува во соопштението што го пренесе ТАСС.
Фото: Pixabay