Бугари, Индијци и Финци заинтересирани за Галеника

58

galenika-660x350-580x308

Тендерска документација за купување на српската фармацевтска компанија Галеника откупиле фармацевтските компании Софарм од Бугарија, Кадила фарм од Индија и финскиот инвестициски фонд КЈК Капитал, пишува Блиц.

Рокот за откуп на документација беше до 22 април, а на продажба е ставен 25% од капиталот на Галеника. Србија, која е сопственик на 70% од акциите на Галеника, за 25% бара најмалку седум милиони евра.

Галеника е втора фармацевтска компанија во Србија по пазарен удел. На прво место по продажба е Хемофарм во сопственост на германска Stada. Третото место го држи Здравје Лесковац, во сопственост на Actavis, кого го  купи израелската Teva. На четврто место се Иванчиќ и синови, фабрики на Софарма во Србија, кои се развиваат заедно со локален партнер, пишува софиски Капитал.

Галеника е основана во 1945 година, а основна дејност и е производство на лекови, фармацевтски суровини, парафармација и дентални производи.