Бугари развија уред за следење на изгубени предмети

13

baggi

Двајца млади претприемачи од Бугарија развија уред за следење на предмети. Љубомир Јанчев и Неделко Неделков го претставија Bаggi, уред кој се прикачува на лични предмети, а преку мобилна апликација телефонот ги препознава и сигнализира кога ќе бидат заборавени или изгубени. На овој начин може да се спречи и кражба на вредни предмети.

Сопственикот на уредот може да дефинира зони за “откривање” за загубените предмети во радиус од 10 до 60 метри, а при излегување на предметот надвор од овој радиус, телефонот сигнализира.

Батеријата на уредот издржува околу една година, а апликацијата е дизајнирана за iOS и за Android. Во план е овој уред да се продава заедно со чанти, паричници и слични предмети.