Cтранските инвестиции во Бугарија до крајот на 2013 година ќе достигнат вредност од една милијарда евра, изјави директорот на бугарската Агенција за инвестиции, Cветослав Младенов.
Бугарската агенција за инвестиции (БАИ) работи на шест потенцијални проекти во сферата на производството на компоненти за автомобилската индустрија. Проектите на кои работи БАИ даваат основа да се прогнозира дека до крајот на годината, во Бугарија ќе влезат една милијарда евра директни странски инвестиции.
“Во моментов БАИ работи на изработка на инвестициски каталог, кој треба да биде готов до крајот на октомври и да биде претставен во ноември. Има интересни проекти во сферата на енергетиката и проекти за развој на електроенергетската и гасната инфраструктура”, изјави Младенов во интервју за БТА.