Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за македонски државјани

170

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот фејсбук профил информираше дека почнувајќи од 10 октомври, Бугарија ќе ги повлече рестрикциите за патување за нашите државјани.

“Најновите информации за новите одлуки на Владата во Софија. Почнувајќи од 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија“, пишува Османи.

Со последната одлука, како што информира Османи, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.

“Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)“, напиша министерот за надворешни работи.