
Бугарската народна банка (БНБ) презентираше информативни материјали на кои е прикажан дизајнот на бугарските евро-монети, кои ќе бидат пуштени во оптек на 1 јануари 2026 година.
Оваа иницијатива е дел од пошироката кампања на БНБ насочена кон информирање на јавноста и подготовка на граѓаните за воведувањето на еврото, објавува „Новините“.
Објавени се два видео клипа – едниот го прикажува изгледот на монетите, додека другиот дава детални аудио-визуелни информации за нивниот дизајн, спецификации и симболика.
Евро монетите ќе носат препознатливи бугарски мотиви.











