Бугарија ги укинува „златните пасоши“, не довеле до реални инвестиции

105

Бугарската влада усвои закон со кој се укинуваат таканаречените „златни пасоши“, програма која дозволува државјанство во замена за големи инвестиции. Законот треба да го изгласа парламентот.

Министерството за правда соопшти дека „златните пасоши“ не довеле до реални инвестиции во Бугарија.

Граѓаните на земји кои не се членки на ЕУ добија дозвола за постојан престој во Бугарија (златна виза) или „златен пасош“ благодарение на инвестициите, главно во купување државни хартии од вредност или банкарски депозити во земјата.

Но, тоа не беа реални инвестиции кои придонесуваат за развој на економијата и отворање нови работни места. Вредноста на златната виза е инвестиција од 525.000 евра, а вредноста на златниот пасош е 1,05 милиони евра.