Бугарија го одложи воведувањето на еврото

28

Бугарската влада објави дека го одложува целниот датум за воведување на еврото за 2025 година.
Иако претходно беше најавено дека Бугарија би можела да го воведе еврото на почетокот на 2024 година, владата соопшти дека сè уште не е направено многу за да се создадат правни предуслови за овој акт.

„Неколку експерти се сомневаа во одржливоста на целниот датум за влез на Бугарија во еврозоната поради високата инфлација. Според податоците на Националниот институт за статистика, годишната инфлација во Бугарија во 2022 година изнесувала 15,3 отсто“, пишуваат бугарските медиуми.

Еден од критериумите за влез во еврозоната се однесува на стабилноста на цените.

Во Бугарија инфлацијата во септември изнесуваше 6,4 отсто, додека податоците од претходниот месец покажуваат инфлација од 7,5 отсто, пренесува СееБиз.