Бугарскиот старт – ап Dronamics кој развива и управува со беспилотни товарни летала, додаде уште три аеродроми во Германија во својата европска мрежа. Тоа се аеродромите Падерборн-Липштат, Росток-Лаеж и Аеродромот Веез. Според компанијата, ова ќе опфати пазар од 12,7 милиони луѓе.
Dronamics наведува дека нивната мрежа на центри за беспилотни летала сега вклучува 38 аеродроми во 12 европски земји, пренесува порталот Air Cargo News.
“Аеродромите Падерборн-Липштат и Везе ќе служат за Северна Рајна-Вестфалија, важна германска индустриска област и трета по големина европска урбана област, а градовите како Дизелдорф, Дортмунд, Менхенгладбах, Дуизбург и Есен ќе бидат на само еден час возење од кој било аеродром“, објави компанијата.
Од друга страна, аеродромот Росток-Лаеж ќе биде главниот аеродром за беспилотни летала за пристаништето во Росток.
“Од првите три аеродроми за беспилотни летала во Германија, ние го отклучуваме огромниот потенцијал на германскиот пазар. Во следните месеци, ние дополнително ќе ја прошириме нашата мрежа за беспилотни летала во Германија и Европа и ќе поврземе повеќе заедници со нашата паневропска мрежа за испорака истiот ден за е-трговија, производство и фармација“, вели Свилен Рангелов, ко-основач и извршен директор на Dronamics.
Компанијата ќе изврши испораки “денес за денес“ во рамки на мрежата благодарение на сопствените беспилотни летала “Црн лебед“, со капацитет од 350 килограми и опсег до 2.500 километри.
Dronamics работи на регулаторни одобренија – нејзините операции ќе бидат доставени за одобрување во согласност со прописите на Европската унија за беспилотни летала, кои се во сила од први јануари. Како дел од договорот, Dronamics ќе обезбеди стандардизирана опрема за беспилотни летала и ќе ангажира и обучува локален персонал да работи и да управува.
Првите комерцијални летови и испораките “денес за денес“ се очекува да започнат следната година. На почетокот на минатиот месец, компанијата лансираше и нов беспилотен авион за транспорт на товар, кој ќе го користи заедно со “Црниот лебед“.
Фото: Dronamics