Бугарија, Грција и Романија планираат да изградат транспортна мрежа за 22,8 милијарди евра

Бугарија, Грција и Романија потпишаа акционен план за реализација на 25 приоритетни прекугранични транспортни проекти, чија вкупна вредност се проценува на околу 22,8 милијарди евра, со цел воспоставување непрекината мрежа на патишта и железници што би ги поврзале Егејското Море, Дунав и Црното Море.

Планот беше потпишан во Брисел како дел од состанокот „Пријатели на Југоисточна Европа: Да ги премостиме празнините заедно“ и е продолжение на меморандумот за посилна прекугранична соработка што трите земји го потпишаа во декември 2025 година, објави Министерството за транспорт и врски на Бугарија.

Од вкупно 53 проекти, 25 беа издвоени како најважни и со релативно висок степен на подготвеност.