Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

Претходно оваа година, проверките на воздушните и поморските шенгенски граници на двете земји беа укинати со одлука донесена за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 30 декември лани.

-Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа, објави унгарското претседателство.

Фото: Pixabay