Бугарија ќе одвои 9,2 милиони евра за рекламирање на туризмот

39

bgЗа рекламнирање на туризмот, следната година се предвидени 9,2 милиони евра, соопшти бугарскиот заменик министерот за економија со ресор туризам, Бранимир Ботев.

Ботев потсети дека по кратењето во буџетот, годинава за таа цел биле издвоени едвај 1,5 милиони евра, пишува софиски Дневник.

Туристичките работници со години како најголем проблем го посочуваат недостигот на средства за реклама на туризмот, за разлика од конкурентите на Бугарија, како што се Турција, Грција и Хрватска, чии буџети надминуваат 100 милиони евра годишно.