Бугарија ќе прави ракија од македонско и грчко грозје

68

grozje

Македонското и грчкото грозје ќе ја спасуваат бугарската ракија поради слабата реколта во земјата оваа година, пишува Труд.

Дождовите и градот уништија речиси половина од грозјето во земјата и цените двојно скокнаа. Затоа во пограничните региони масовно се купува грозје од Грција и од Македонија, каде родот не настрада толку, а цените се пониски отколку на берзите во Бугарија.

Според податоците на бугарското министерство за земјоделство, реколтата на грозје оваа година ќе биде за 40% послаба од минатогодишната. Во 2013 приносот бил 250.000 тони, а оваа година се очекуваат околу 160.000 – 170.000 тони, пишува Труд.