Бугарија ќе го замени левот со евро по курс од 1,95583 – старт во јануари 2026

Советот на министри за финансии на Европската Унија (ЕКОФИН) денес ги потврди последните технички чекори за влез на Бугарија во Еврозоната во јануари 2026 година и утврди дека курсот на конверзија ќе биде фиксен на 1,95583 лева за едно евро.

Бугарија сега има малку помалку од шест месеци да ги заврши сите технички подготовки за размена на валута до 1 јануари следната година, кога официјално ќе стане 21-ва членка на Еврозоната, објавува Ројтерс.

„Целиот процес поврзан со членството на Бугарија во Еврозоната практично завршува денес. Ништо не може да ја запре Бугарија на нејзиниот пат кон Еврозоната“, изјави бугарската министерка за финансии Теменузка Петкова, според порталот „Новините“.