Бугарија е европски лидер во извоз на масло од лаванда, пишува бугарски Блиц.
Во текот на минатата година, Бугарија остварила извоз на масло од лаванда во вредност од 10 милиони евра. Главни увозници на ова масло се Франција и Германија, додека клучни пазари си и САД и Швајцарија. Помала количина на масло од лаванда се увезува во земјите од Југоисточна Азија, Латинска Америка, Австралија и Канада.
Интересот за одгледување на ова растение во Бугарија почна да се зголемува од 2008 година, од кога површините на коишто е засадена лавандата се зголеми за три пати.
Проценките покажуваат дека годишното производство на масло од лаванда во Бугарија се движи од 200 до 250 тони, од коешто речиси целата количина е наменета за извоз.