Бугарија нема да потпише договор со Газпром: „Тие се докажан несигурен партнер“

34

Бугарија нема да потпише нов договор за набавка на сино гориво со Газпром.

Како што изјави министерот за финансии на Бугарија, Асен Василев на седницата на собраниската Комисија за буџет, оваа компанија се покажала како „докажан недоверлив партнер“, пренесува Б92.

Според Василев, во моментов руски природен гас не се купува во Бугарија бидејќи руската компанија еднострано го прекинала извршувањето на потпишаниот договор, јавува репортерот на радио БНР Бугарија.