Пазарот на недвижности во Бугарија, минатата година најголем пад бележи во сегментот кај селските имоти. Овој сегмент бележи најголем пад од почетокот на кризата и продолжува да се намалува, па дури и да исчезнува на места, стои во анализата на компанијата за недвижности Bulgarian Properties, пишува money.bg.
Просечната цена на селските куќи во 2014 година била околу 18.000 евра и останува иста во однос на претходните години. На пазарот главно се нудат куќи подготвени за вселување, по цена од 10.000 евра, па и до 20.000 и 40.000 евра, во зависност од местото.