Бугарија оваа година со 50% помало производство на мед

71

pceli med

Оваа година во Бугарија ќе биде произведено од 30% до 50% помалку мед во споредба со минатата година. Поројните дождови и лошите временски услови се главната причина за слабото производство на мед, велат производителите од северна Бугарија, пишува днес.бг.

“Во нашата земја годишно се произведуваат меѓу 6.000 и 12.000 тони мед, покажуваат податоците на пчеларите. Оваа година производството ќе биде околу долното ниво, но во некои области како Софиската, ќе има поголеми количини мед”, вели претседателот на Бугарскиот сојуз на пчеларите, Михаил Михајлов.

Производителите се жалат и од ниската откупна цена. Таа во просек е околу 125 денари за килограм, но според пчеларите, оваа цена не ги покрива направените трошоци.