Бугарија преку аукција ќе продава 64 тони ковани пари

39

monetiБугарската централна банка, БНБ, објави тендер за продажба на 64 тони ковани пари направени од бакар, цинк и никел, пренесува бугарскиот портал Presa Daily.

Тендерот е отворен до деветти јули, а потенцијалниот купувач ќе мора да има 242.000 евра промет во трговија со секундарни суровини. Фирмата, според условите, не треба да има заостанати обврски за данок, а сопственици не треба да бидат осудувани.

Гаранцијата за учество на тендерот е 2.242 евра, а купувачот ќе има обврска во рок од една година да ги претопи кованите пари, кои што повеќе не се употребуваат.

Тоа најверојатно ќе се прави во печките на компанијата Софија- бакар, со учество на претставник од банката, а потоа металот може да се продаде.

Бугарската централна банка минатата година продала 50 тони ковани пари.