Бугарија престана да увезува нафта од Русија

20

Бугарија вчера го прекина увозот на нафта од Русија како дел од ембаргото на Европската унија поради војната во Украина, објави бугарскиот онлајн весник Новините.

На крајот на 2022 година, Европската унија и одобри на Бугарија двегодишно ослободување од ембаргото на руската нафта, кое беше планирано да трае до крајот на 2024 година.

Меѓутоа, во декември бугарскиот парламент изгласа да се прекине увозот на руска сурова нафта пред предвиденото, почнувајќи од 1 март 2024 година, пренесува Новините.

Експертите од индустријата предвидуваат дека овој потег нема да предизвика скок на цените на горивата во Бугарија.

Претходно, трговци со нафта изјавија дека Бугарија руската нафта ќе ја замени со увоз од Казахстан, Ирак и Тунис.