Бугарија: Растат долговите на државата кон бизнисот

17

evraДолговите на државата кон бизнисот не само што не се намалуваат, туку се зголемуваат, пишува софиски Труд. Во последната година од 57 милиони евра во септември 2012, долгот на државата се зголемил на 77,7 милиони евра, што е скок за 37%.

За разлика од државата, општините постепено ги намалуваат долговите. На 30 септември 2012 година, тие биле околу 90 милиони евра, а една година подоцна 82,8 милиони евра. Вкупно, кон крајот на септември годинава, државата и локалната власт на бизнисот му должат 160,5 милиони евра.

И покрај ветувањата за коректност кон фирмите, до денес нема листа на министерствата со најголеми долгови, ниту пак по какви договори и на кои фирми им должат, пишува Труд.