Бугарија со став: Ако ЕУ не ни даде изземање, нема да поддржиме санкции против Русија

55

Бугарија нема да го поддржи новиот пакет санкции на Европската унија против Русија доколку не добие изземање од предложената забрана за купување руска нафта, изјави синоќа вицепремиерот Асен Василев.

„Нашиот став е многу јасен. Доколку има исклучоци за некои земји, сакаме да го добиеме и ние тоа ослободување. Ако не го добиеме тоа, нема да поддржиме санкции“, изјави Василев за националната телевизија БНТ.

Претходно, Унгарија, Словачка и Чешка, кои се во голема мера зависни од руската сурова нафта и не можат да обезбедат алтернативни извори, побараа изземање од предлогот за забрана на увоз на енергија од Русија.