Бугарија: Стареењето на населението е најголем предизвик за пазарот на труд

19

sofia

Еден од најголемите предизвици за пазарот на труд и работната сила во Бугарија е стареењето на населението, покажуваат резултатите од анкетата на когнитивни и социо-емоционални вештини на работната сила. Резултатите ги презентираше Викторија Левин од претставништвото на Светската банка во Софија, на тркалезна маса на тема Предизвиците на пазарот на труд во Бугарија: улогата на вештините и компетенциите, пишува 24 часа.

Според истражувањето на СБ, просечниот Бугарин старее и нема изгледи за подобрување на ситуацијата во следните години. Тоа се должи пред сè на нискиот наталитет и на емиграцијата.