Бугарија: Возачите и лекарите со најмногу прекувремени работни часови

20

vozac

Возачите од патничкиот и градскиот транспорт, лекарите и обезбедувањето во приватни фирми имаат најмногу прекувремени работни часови, покажува статистиката на Главниот инспекторат за труд врз основа на известувањата доставени од страна на работодавците, пишува Труд.

Во 2014 година вкупно 929.084 работници од сите бранши работеле над законските 40 часа неделно.

Според Кодексот на труд, прекувремената работа не може да надмине 150 часа годишно. Дополнителната плата за прекувремена работа се договара помеѓу работодавачот и вработените.