Бугарска фабрика за играчки ќе гради погон во Србија

77

ireli bugarija

Бугарската компанија за производство на играчки Ирели, во средината на ова лето, ќе започне со изградба на фабрика во српскиот град Пирот, пишува Јужне вести.

“Компанијата Ирели сега е сопственик на земјиштето во нашата индустриска зона, коешто го купи за 150.000 евра, износ што е исплатен на сметката на буџетот на општината Пирот. До крајот на летото, ќе започне производството во погонот, а ова е еден од начините на коишто ќе ја оживееме дрвната индустрија во Пирот“, изјави претседателот на општината Пирот, Владан Васиќ.

Се очекува во оваа фабрика да бидат вработени околу 20-тина работници, а инвестицијата е околу еден милион евра.