Бугарската Sopharma Trading стана мнозински сопственик на српската Лековит

31

lekovit

Фото: Лековит

Sopharma Trading, најголемата бугарска компанија по приходи во секторот фармација, објави дека склучила договор за купување на српската компанија Лековит, брзорастечки локален трговец на големо со лекови во последните три години во Србија. Со стекнување на 70% од акциите на компанијата со седиште во Шабац, Sopharma Trading станува нејзин мнозински сопственик, а д-р Драган Петровиќ, досегашниот сопственик на Лековит, ќе ги задржи останатите 30% и ќе остане како генерален директор на компанијата, стои во соопштението објавено на интернет страната на бугарската фармацевтска компанија.

“Стекнувањето на Лековит е првиот чекор кон нашата експанзија во регионот”, изјави извршниот директор на Sopharma Trading, Димитар Димитров.

Компанијата Лековит е основана 1992 година, заедно со малопродажен ланец аптеки под име Flos.

Sopharma Trading е дел од Софарма Групација.