Бугарската влада соопшти: План за еврото од 1 јануари 2026

Бугарија има прецизен план за имплементација на еврото почнувајќи од 1 јануари 2026 година.

Според официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада, се очекува во текот на јули, европските институции да ја донесат финалната одлука за усвојување на еврото, а од август 2025 година до крајот на 2026 година, трошоците ќе бидат прикажани во левови и евра.

Министерскиот совет на Бугарија потсетува дека на фискалните сметки ќе бидат прикажани износи во двете валути. До 30 септември, информациските системи на државата ќе бидат подготвени.

Од 1 јануари 2026 година, плаќањата во готовина ќе бидат во левови и евра.

Владата истакнува дека “Од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, банките и поштите во населбите каде нема банкарски филијали ќе менуваат левови за евра бесплатно”.

Во Бугарската национална банка, тоа ќе се извршува бесплатно и на неопределено време.

Фото: Pixabay