Бугарски бизнисмен остро критикува: „Усвојувањето на еврото ќе му каже на светот дека сме глупави“

57

Бугарскиот бизнисмен Ивајло Пенчев остро го критикуваше планот на земјата за усвојување на еврото.

„Усвојувањето на еврото му кажува на светот: „Ние сме толку глупави што не заслужуваме независна монетарна политика и со нас треба да управуваат европски функционери“, изјави Пенчев за ТВ1.

Пенчев е извршен директор на Walltopia, моментално најголемиот производител на вештачки ѕидови за качување во светот.

Според него, не и прилега Бугарија да се фали со нова зависност од ЕУ, пишува „Новините“.

„Не чувствувам еуфорија бидејќи ќе станеме зависни од нешто друго од ЕУ. Тоа нема да влијае особено на бизнисот, луѓето може да станат посиромашни“, рече Пенчев.

Фото: Facebook