Бугарски компании влегуваат во С. Македонија и покрај политичките тензии

202

Политичките тензии меѓу Бугарија и С. Македонија не влијаат на деловните односи меѓу двете земји. Ова го изјави Симона Парванова, менаџер во Cushman&Wakefield/FORTONMKA, во емисијата Бизнис старт на Блумберг.

Парванова работи во Скопје повеќе од две години во областа на недвижен имот, а компанијата е единствената со меѓународна лиценца во овој сектор.

“Нема тензија, напротив – има неколку бугарски компании кои влегуваат на македонскиот пазар оваа година. Најчесто се поврзани со ИТ индустријата и трговијата. Во приватниот сектор не чувствуваме никакви тешкотии и негативни реакции од нашите деловни партнери“, рече таа.

Прванова наведе дел од бугарските компании кои веќе успешно работат на македонскиот пазар.

“Компаниите што веќе работат тука се Musala Soft и Melon. Покрај тоа, во 2019 година ScaleFocus (компанијата обезбедува технички решенија за многубројни реномирани компании од целиот свет од областа на информатичко-комуникциските технологии, со експертиза во голем број на области) потпиша петгодишен договор со македонската влада.

Ланецот оптики Grand Optics исто така влегува на македонскиот пазар, а истата желба ја имаат и аптеките Subra. Според Прванова, најголемата грижа за бугарските компании да направат чекор кон македонскиот пазар е поврзана со царините и акцизите.

Според неа, на Македонија и недостигаат бугарски модни брендови и бизниси кои служат за забава, наведувајќи ги како примероци Playground и Walltopia.

Фото: Pixabay