Бугарски Vivacom го купува Telecom Albania

7

Фото: Facebook

Бугарски Vivacom го купува Telekom Albania, чиј сопственик е Deutsche Telekom, пренесува Top Channel.

Најголемиот акционер на Vivacom, Спас Русев не дал коментар по тој повод, но албанскиот инвеститор Елвин Гури, кој веќе 27 години живее во Бугарија, рекол дека не може да открива детали, но му се допаѓа идејата да инвестира во неговата земја по многу години.

“Долго време размислував за вложување во Албанија. Веќе 27 години сум надвор од земјата, па мислам дека е морална обврска да се најде начин и средсва за вложување во мојата земја. Денес Албанија е мирна и атрактивна дестинација за инвестирање, посебно за некој како мене“, изјави Гури.

Vivacom  е најголемата телекомуникациска компанија во Бугарија, којашто лани оствари добивка од 165 милиони евра.