Бугарскиот извоз е во криза

20

exportВо првите месеци од годината, извозот од Бугарија во Европската унија и земјите надвор од неа се намалува. Бугарија има т.н. негативно трговско салдо – значи дека повеќе увезува отколку што извезува, јавува БТВ.

Податоците на националната статистика за првите месеци од 2014 година покажуваат дека извозот во земјите на ЕУ е намален за 3%, а за трети земји е намален за повеќе од 15%. Бугарија во некои земји и целосно престанала да извезува.

Падот на извозот главно се должи на кризата во Украина. Извозот од 409 милиони евра годишно, сега е скоро преполовен, а најпогодено е машинството. Кризата во Украина се одразува и на транспортните фирми.

Бугарскиот извоз е непостојан со години. Најголеми губитници се винарите – на пример во 1996 година само за земјите од Бенелукс и Англија се извезени 56 милиони шишиња, а денес целиот извоз е околу 21 милиони.

Во исто време, увозот во Бугарија од Европската унија е зголемен за 12% и веќе надмина 1,2 милијарди евра.