Сојузот на сопственици на хотели од Сончев Брег предлагаат да се воведе парична казна од 300 евра за скокање од терасите во поморските летувалишта и тоа уште од оваа сезона. Минатата година во Бугарија загинаа неколку странски туристи откако стана популарно да се скока од тераса на тераса или од тераса во базен. Обично туристите прават вакви работи кога се под влијание на алкохол или на дрога, пишуваат бугарските медиуми.
Таканаречениот “балконинг” е популарен меѓу младите луѓе, особено во Велика Британија, што ги принуди британските власти да ги предупредат граѓаните да внимаваат на вакви и слични активности за време на одморите.
Слична мерка се воведува во Шпанија, во Мајорка, каде казната ќе биде до 400 евра.