Бугарските компании со огромни загуби поради задоцнети плаќања

13

pariСекоја бугарска компанија годишно губи во просек по 50.000 евра несобрани побарувања, покажува истражувањето на Асоцијацијата на агенции за наплата на корпоративни долгови.

Поголемиот дел од бугарските компании ги проверуваат своите клиенти – преку интернет, препораки, па дури и по кредитни извештаи, вели Светла Петрова, еден од авторите на студијата, цитирана од Бугарската народна банка (БНР), пишува news.bg. Според Петрова, 80% од фирмите потпишуваат и билатерални договори, кои се гаранција за побарувањата. Сепак, една третина од компаниите ги одложуваат плаќањата уште во првата недела по доспевањето.

Во секторите како туризам, транспорт и логистика, компаниите се соочуваат и со проблеми при работата со партнерите од Грција, Италија и Романија.