Букурешт ќе станува пријателски град за животните

17

sl

Градското собрание на Букурешт започна јавна дебата за стратегија за заштита на животните и иницијатива главниот романски град да стане пријателски град за миленичињата.

Во стратегијата е вклучено градење на повеќе игралишта за кучиња, хотел за миленици, итна медицинска помош за животните, пишува Romania Insider.

Главна цел на проектот е да се заштитат животните од напуштање, што е голем проблем во земјата, особено во Букурешт, каде стотици животни остануваат на улица секоја година. Заловувачите на кучиња ќе бидат едуцирани како да ловат без да ги повредуваат животните, а прифатилиштата на кучиња ќе станат центри за посвојување.