Булгартабак заинтересиран за Фабриката за тутун Бања Лука

51

Бугарската компанија Булгартабак испрати писмо со намери во кое е наведено дека се заинтересирани за купување на фабриката за тутун Бања Лука и дека ќе направат квалитетна социјална програма.

“Нивна цел со купувањето на Фабриката за тутун Бања Лука е влез на пазарите на ЦЕФТА. Сега е на ред да се договорат начините на преземање на фабриката од моменталниот сопственик Антониќ трејд, а владата на Република Српска нема да му прави никакви проблеми на овој купувач со кредибилитет”, изјави премиерот на Република Српска, Александар Џомбиќ.

Претходно Џомбиќ изјави дека Владата ќе им остави време на претставниците на бугарската компанија да ги анализираат и да направат контрола на финансиските извештаи на фабриката. Доколу се постигне договор, Булгартабак треба да ја преземе фабриката, да го стартува производството и да ги задржи работниците.