Бум во продажбата на мотоцикли поради пандемијата

33

Пандемијата ја зголеми побарувачката за мотоцикли во Турција, пишуваат турските медиуми.

Иако претходно се очекувало пазарот на мотоцикли да се соочи со сериозни последици поради пандемијата, сепак потрошувачите повеќе преферираат да патуваат со кола или мотоцикл одошто да користат јавен превоз поради страв од ширење на заразата.

Од таа причина, била зголемена побарувачката на мотоцикли со помала кубикажа, а само во август регистрацијата на овие возила е зголемена за 94% во споредба со истиот период лани. Само во август се регистрирани 25.420 мотоцикли во Турција, додека во периодот од почетокот на годината, вкупниот број достигна 143.237 мотоцикли.

Најголем дел од мотоциклите за коишто има најголем интерес на пазарот се оние што имаат меѓу 50 и 100 кубици, а меѓу купувачите поголемиот дел од нив за првпат користат вакво превозно средство за секојдневна употреба.

Фото: Pixabay