Бундесбанка предупредува: Германската економија би можела да направи зимска пазуза

45
Германската економија силно порасна во првата половина од годината, но растот во меѓувреме забави поради нарушувањата во понудата на индустриските компании и тешкотиите на градежниот сектор да најде работници, објави Бундесбанк.
Затоа, може да се очекува “пауза“ во закрепнувањето на економијата од корона кризата, додаваат тие.
Гледано од денешна перспектива, БДП би можел да стагнира во есенскиот квартал“, проценуваат тие, алудирајќи на последните три месеци од оваа година. Според нив, веројатно уште некое време инфлацијата ќе остане далеку над нивото од три проценти. Цените би можеле да пораснат за речиси шест отсто во ноември, а нивниот раст би требало да ослабне во 2022 година, бидејќи ефектот од ниската компаративна основа од 2020 година, кога владата привремено ја намали стапката на ДДВ за поддршка на трошоците во пандемијата, ќе отсуствува, потсетува Бундесбанк.
Инфлацијата уште долго ќе биде повисока од три проценти, а кога ќе се исклучат флуктуациите на цената на енергенсите и храната, таа треба да биде повисока од два проценти, прогнозираат тие потсетувајќи на претстојните преговори за покачување на платите. Иако летово преговорите дадоа само скромни зголемувања на платите, реалното зголемување е поизразено бидејќи работниците повторно го зголемија бројот на работни часови по намалената саатница во пандемијата.
„Макроекономските услови сугерираат и посилен раст на платите во колективните договори што ќе бидат продолжени во блиска иднина“, забележува Бундесбанк.