Бундесбанката очекува благ раст во пролетниот квартал

Германската централна банка, без оглед на техничката рецесија, краткорочните перспективи на германската економија ги оценува со примеси на оптимизам. По падот на БДП во два последователни квартали, економијата би можела да забележи раст во пролетниот квартал, од април до јуни, проценува Бундесбанк во својот месечен извештај во понеделникот.
Сепак, се оценува дека проблемите што ја оптоваруваат економијата ќе продолжат да постојат.

Во зимскиот семестар германската економија падна во техничка рецесија поради два последователни квартали со негативен раст.

Важна причина беше инфлацијата, која пред се ја задушуваше личната потрошувачка на домаќинствата, а со тоа и растот на економијата. Покрај тоа, индустријата функционираше полошо поради ограничената побарувачка од странство.

Во извештајот Бундесбанката како позитивна работа го наведе тоа што продолжуваат да се намалуваат доцнењата во синџирите на снабдување, кои траат подолго време.

„Покрај тоа, полека се отвора простор за приватните домаќинства да трошат повеќе, и покрај сѐ уште високата инфлација. Имено, цените паѓаат, а платите силно растат“, наведуваат од централната банка.

Вработеноста расте, а неодамна послабата јавна потрошувачка треба да го врати замавот.